3 причини поради кои мажите ги оставаат дури и оние жени кои ги сакаат
Навистина знае да биде тешко кога партнерот ќе ви раскине, особено доколку не ја знаете вистинската причина. Може да поминете месеци, дури и години, обидувајќи се да разберете што тргнало наопаку.
Според експертите, токму ова е една од најчестите пречки поради кои жените не можат да тргнат напред и да си дозволат да запознаат нова љубов.
Иако многу дами мислат дека партнерот ги оставил поради страв од одговорност, постојат и други бројни причини, кои може да бидат вистинскиот виновник што довел до крај на вашата врска.
Еве три од најчестите причини зошто мажите ги оставаат дури и оние жени во кои вистински се вљубени:
1. Не го цените
Вљубените мажи се трудат што е можно повеќе да им угодат на своите сакани, но некои дами тоа не знаат да го ценат. Доколку и покрај целиот негов труд, постојано го обвинувате вашиот партнер, дури и кога ништо не згрешил, тоа може да се почувствува како недоволно ценет од ваша страна.
Не станува само збор често да му се заблагодарувате, туку и да го пофалите за неговите постапки. Често мажот кој се чувствува потценето од својата партнерка знае да каже дека истата е секогаш незадоволна од него.
2. Се претворате во негова мајка
Веднаш штом на вашиот партнер ќе започнете да му кажувате што и како да прави, буквално за секоја работа, тогаш вие несвесно се претворате во негова мајка, наместо партнерка. Доколку сакате да се грижите за вашиот сакан, постојат многу други начини како тоа да го направите и покажете.
Истовремено, тоа не значи дека треба да ја преземате одговорноста за неговите грешки, ниту пак да ги плаќате неговите долгови.
Со манифестирањето повеќе мајчинска, отколку партнерска грижа, страста и љубовта меѓу партнерите, според експертите, спласнува за многу кратко време, што пак доведува до крја на врската.
3. Тој се однесува детинесто
Многу мажи веруваат дека, како што нивните мајки се грижеле за нив и им ги исполнувале желбите, така со нив треба да се однесува и нивната партнерка. Таквиот партнер е научен само тој да добива, но не и да враќа со истото за возврат и затоа истиот нема ниту секудна да се поколеба и при најмалиот проблем, да ја остави својата сакана.