3 природни „бришачи“ на здодевните модринки – Лесни домашни третмани кои даваат брзи резултати
Модринки што се појавуваат после несмасен удар, обично во аголот на некој елемент од куќа, како што е шкаф или врата, а поради нивниот непријатен изглед кој е пропратен најчесто со виолетова боја, секој од нас сака што побрзо да се ослободи од истите.
Наместо нанесување пудра да го прекриете ударот, денес ви ги откриваме 3-те најдобри природни лекови за овој несакан проблем. Станува збор за ефикасни домашни рецепти, кои се многу лесни за подготовка, а кои веднаш ги даваат посакуваните резултати!
1. Маска од компири и мед
Оваа природна маска вклучува варен компир, малку мед и обична вода. Откако компирите ќе се зготват, излупете ги и изрендајте ги. Потоа додаете 1 лажица мед кон истите и измешајте ги со малку млака вода додека не добиете каша. Подготвената маска поставете ја на модринка и оставете ја да отстои околу 15 минути. Повторете го третманот доколку е потребно.
2. Зеленчук како облога
Некои зеленчуци ќе го ублажат и забрзаат исчезнувањето на несаканата модринка. Од голема полза на убавата кожа се зелката, магдоносот, кромидот и доматот. Црвениот кромид е одличен за модринки, бидејќи ја ублажува болката и има антивоспалителни својства. За да ја ублажите модринката, поставете го исецканиот кромид во парче газа и притиснете го на местото на модринката.
3. Масажа со оцет и вода
Измешајте оцет и топла вода во сооднос од 50:50 и лесно тријте на местото на ударот. Овие две состојки ќе ја стимулираат циркулацијата под површината на кожата и ќе предизвикаат акумулираната крв да се апсорбира или исчезне побрзо.