Жените на возраст над 40 години често се соочуваат со нарушувања при ендокриниот систем. Тоа доведува до појава на проблеми со хормоните, зголемување на телесната тежина, чувство на надразнетост и замор.

Во такви случаи неопходна е консултација со ендокринолог и гинеколог!

За зајакнување на ефектите од препишаните лекарски третмани, значително ќе ви помогнат и редовните вежби, како и правилната исхрана, која вклучува производи што содржат фитоестрогени, како следните три напитоци кои го регулираат нивото на хормоните во организамот.

Тие се состојат од природни состојки, а истовремено се многу вкусни и пријатни на вкус. Нивната подготовка нема да ви одземе многу време, а ефектот: Ќе се чувствувате свежо, енергично и младо.

1. Лимонска вода

Една едноставна смеса од топла вода и сок од лимон, може ефикасно да се справи со неуспешното лачење на хормонот на ситост- лептин. При чести, безпричински појави на чувството на глад, лекарите препорачуваат овој природен напиток да се консумира наутро или пред спиење.

Начин на подготовка: Сок исцеден од половина лимон се раствора во топла вода.

2. Чај од листови од малина

Листовите од малината се вистинско открите за дамите: Содржат елементи, кои ги зајакнуваат ѕидовите на матката, го олеснуваат процесот на менструација, менопауза или состојбата пред климактериум.

Затоа и лекарите токму го препорачуваат чајот од листови од малина да се консумира секојдневно.

Начин на подготовка: Полејте 2 супени лажици листови од малина со врела вода и оставете ја семсата да се вари дополнителни 15-20 минути. Потоа истата прецедете ја. Чајот од листови од малина не се препорачува да се пие пред спиење, бидејќи може да ве остави будни цела ноќ, поради освежителниот вкус, па затоа најдобро е да се консумира наутро.

3. Бадемово млеко со куркума

Златниот напиток има навистина чудесно влијание врз женското тело: Го зајакнува имунитетот, се бори со настинката, депресијата и стресот и има неверојатен ефект при регулирањето на хормоните. Напитокот се состои од бадемово млеко, кокосово масло и малку куркума во прав.

Начин на подготовка: Ставете го млекото да се вари, а веднаш потоа додадете ја и куркумата и маслото од кокос. Кога ќе започне да врие, смесата оставете ја на страна и оставете да се излади. По желба можете да додадете и мед.