3 природни начини како да излекувате забен апсцес во домашни услови
Терминот „забен апсцес“ се однесува на инфекција во коренот, поконкретно меѓу непцата и забите, што пак доведува до сериозна појава на кариес.
Забниот апсцес може да се појави како резултат на бактерии кои проникнуваат меѓу пункатините на забот или пак причината може да биде прекумерено консумирање на храна со високо количество на шеќер, лоша орална хигиена, гингивитис, тежок облик на кариес или консумирање на храна со леплива текстура.
Доколку не се третира и лекува навремено, забниот апсцес може да се распространи и да стаса до самата забна коска, што пак ќе доведе до сериозни компликации.
Оваа здравствена состојба е пропратена со лош здив, потемнување и воспаление на непцата, како и болка при консумирањето на храната, нарушување на вкусот, подуени образи, треска и слично.
Како правилно да го лекувате забниот апсцес во домашни услови
Следните 3 природни средства се исклчително ефикасни за ублажување на непријатните симптоми на забниот апсцес
1. Лук
Активното соединение на лукот познато како алицин, е природен моќен антибиотик, кој ја спречува појавата на бактериски инфекции, а неговите антивоспалителни својства пак ја намалуваат и ублажуваат болката при отекување.
Потребни состојки
- 3-4 чешниња лук
Начин на подготовка
Најпрво измијте го лукот, а потоа излупете го истиот, сомелете го и исцедете го неговиот сок, за да го поттикнете одделувањето на алицинот. Следно, нанесувајте го неговиот природен сок на површината на забите двапати дневно. Исто така, може да консумирате 2-3 чешниња лук комбинирани со мед.
2. Ќесички црн чај
Ќесичките црн чај содржат моќни антиоксиданти, кои ги елиминираат сите инфекции и ги апсорбираат токсините, како и насоберениот гној.
Потребни состојки
- Ќесички црн чај
- Топла вода
Начин на подготовка
Сварете го црниот чај, а потоа откако истиот ќе се излади малку, поставете го на подуеното место. Оставете го да отстои така неколку часа, а потоа исплакнете ја вашата уста со солен раствор. Практикувајте го третманот еднаш дневно.
3. Вода и сол
Силните антисептички и антибактериски својства на солта ќе го ублажат и намалат воспалението, ќе ја отстранат инфекцијата и истовремено, ќе го спречат растот и развојот на бактериите во устата.
Потребни состојки
- Половина кафена лажица сол
- 1 шолја топла вода
Начин на подготовка
Додадете ја солта во топлата вода и добро измешајте ги состојките, додека солта не се целосно раствори. Потоа со добиениот раствор исплакнете ја вашата уста. Овој третман практикувајте го неколку пати во текот на денот.