3 природни напитоци кои ги согоруваат масните наслаги за време на сон- Вкусни и неверојатно ефикасни
Со овие напитоци, покрај тоа што брзо ќе се ослободите од вишокот килограми и масни наслаги за време на сонот, истовремено ќе ви помогнат да го подобрите неговиот квалитет.
Сите три напитоци се базирани на природни состојки, кои го активираат метаболизамот, го намалуваат чувството на глад и ви помагаат побрзо да се опуштите за спиење.
1. Напиток со тегавец и јаболка
Потребни состојки
- 1 чаша студена вода
- 1 јаболко
- 2 кафени лажици тегавец во прав
- ¼ кафена лажица цимет и 1/8 кафена лажица индиски орев
Начин на подготовка
Излупете го јаболкото, а потоа сомелете го заедно со водата. Добиената смеса додадете ја во чаша и притоа додадете го и тегавецот, циметот и индискиот орев. Испијте го напитокот веднаш по неговата подготовка.
2. Напиток од вишна и алое вера
Потребни состојки
- Половина шолја свежи или замрзнати вишни
- 1 кафена лажица сок од алое вера
Начин на подготовка
Измешајте ги вишните и сокот од алое вера во блендер, а потоа добиениот напиток консумирајте го веднаш.
3. Напиток од млеко и индиски орев
Потребни состојки
- 1 чаша растително млеко (Бадемово, оризово или кокосово)
- 1-2 кафени лажици мед
- 1/8 кафена лажица изрендан индиски орев
Начин на подготовка
Затоплете го млекото на температура до 40-45°C, а потоа додадете го медот и индискиот орев и добро измешајте ги состојките
Сите овие напитоци претставуваат богат извор на витамини, минерали и се моќни антиоксиданти кои ќе ви помогнат брзо и лесно да се справите со слабеењето, односно вишокот килограми, притоа со смирувачкиот ефект на состојките, воедно ќе го подобрите и квалитетот на вашиот сон.