3 природни напитоци кои секоја жена мора да ги проба доколу се бори со хормонски дисбаланс
Во регулирањето на телесните функции, хормоните го имаат главниот збор, а доколу страдата од хормонски дисбаланс и се борите да го нормализирате нивото на хормоните, пробајте ги овие 3 напитоци на природна база.
Топла вода со лимон
Топлата вода со лимон придонесува до намалување на тежината, ги отстранува токсините во организмот и го подобрува имунитетот. Лимонот влијае на хормонот на ситост- лептин. А доколку тој не е во рамнотежа, телото започнува да создава масни наслаги.
Исцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и испијте ја смесата одеднаш. Кознумирајте го наутро овој напиток пред појадок.
Чај од листови од малина
Малините благотворно делуваат врз организмот, особено за регулирање на хормоните, при што ги зајакнуваат мускулите на матката. Истражувањата покажале дека трудниците кои го конзумираат овој напиток во текот на бременоста, имаат полесно породување.
Земете свежи или сушени листови од малина колку една голема лажица и прелијте ги со врела вода и оставете да отстои 10 минути. Конзумирајте во текот на денот, но не и пред спиење.
Златно млеко
Златното млеко го подобрува имунитетот и ги доведува хормоните во рамнотежа. Се состои од: куркума, кокосово масло и засладувач.
Во 200 мл врело млеко додадете пола лажичка кукурма и лажичка кокосово масло. Додајте мед за вкус. Овој напиток може да го пиете навечер.
Истовремено, се препорачува доколку ги пиете сите три напитоци, денот да го започнете по дадениот редослед: Најпрво со лимонот и водата, па чајот од малина и за крај, златното млеко.