3 производи од вашата кујна, кои ќе ги направат вашите пети меки како на бебе
Секоја жена посветува големо внимание на грижата за кожата на лицето и телото. Но, постојат одредени зони од телото, кои понекогаш ги заборавиме и тие остануваат суви, како што на пример се стапалата и петите.
Денес ви откриваме 4 рецепти составени од домашни состојки кои лесно се допасни во сечија кујна, а кои ќе ви помогнат веднаш да се ослободите од грубата кожа, пукнатините и сувите пети.
1. Маска од тиквички
Земете мали тиквички и изрендајте ги ситно и поставете ги на парче завој- газа и истата завиткајте ја околу вашите пети. Оставете маската да отстои половина час. Потоа измијте ги стапалата со топла вода и нанесете крема за стапала. Оваа зелена маска ќе ви помогне да ја отстраните грубата кожа.
2. Пилинг од маслиново масло
Измешајте 3 супени лажици маслиново масло со 1 кафена лажица морска сол и масирајте ги вашите пети со добиената смеса. Правете кружни движења по целата површина, а потоа измијте го пилингот со топла вода и нанесете крема за стапала.
3. Маска од јајце
Измешајте 1 жолчка со 1 кафена лажица сок од лимон и додадете 1 кафена лажица компирово нишесте. Добро измешајте ги состојките до добивање на хомогена смеса и потоа нанесете врз кожата на петите. Оставете ја маската да се исуши, а потоа исплакнете со топла вода и нанесете крема за пети.