3 состојки од кујната за поздрава коса
Дали некогаш сте се обиделе да употребите маска за коса со јајца? Дури и да не сте го направиле тоа, докажано е дека маските за коса кои содржат јајца влијаат позитивно врз секој тип на коса. Тие го прават влакното поздраво и поцврсто.
Маска за коса со јајца
Идеално е да се користи 2 пати неделно, се до моментот додека вашата коса не постане здрава, сјајна и силна. Ви предлагаме две различни процедури. Едната е погодна да се прави за жени со сува коса, а другата за жени со мрсна коса.
За сува коса:
- 2 лажици маслиново масло или рициново масло,една жолчка од јајце за кратка коса и две жолчки за долга коса
- 2 капки јаболков оцет
Рицинусовото или маслиновото масло се мешаат со жолчките и се нанесува маската на однапред измиена коса, бидејќи таа треба да е чиста при нанесување на маската. По 20 минути се измива со вода.
Совет: доколку од маслиновото масло косата ви се чини малку мрсна, пробајте да ја измиете со мала количина шампон.
За мрсна коса:
- една белка (две за долга коса)
- свеж сок од половина лимон
- 2 лажици јогурт
Состојките се мешаат во соодветен сад и потоа се нанесуваат врз косата со нежни масажни движења. По 20 минути, косата се измива со вода.