3 супени лажици од оваа домашна состојка и петите ќе ви станат бебешко меки- без да користите пемза или турпија. А еве уште неколку трикови за разубавување
Оваа домашна состојка сигурно во овој момент се наоѓа на полиците во вашата кујна. Таа е една од најкористените, а денес ви откриваме нови идеи како да ја употребите во третманите за домашна нега.
Станува збор за солта. Дали ја познавате целосната и вистинска моќ на истата? Во продолжение прочитајте за извонредните трикови за разубавување со оваа чудесна домашна состојка.
За овие трикови ќе ви биде потребна јодирана сол и уште неколку ситни детали:
1. Нега на лицето
Додате малку сол во течен сапун или во лосионот/кремата што ја користите за чистење на лицето. Добиената смеса внмателно нанесете ја на површината на кожата, оставете да остои 2 минути, а потоа исплакнете со топла вода. Ефектот: Совршено навлажнете кожа, со притоа отстранети сите мртви клетки.
2. Нега на нозете и петите
За да се ослободите од сувата, груба и испукана кожа на нозете и петите, ќе ви помогне следниот рецепт: Измешајте 3 супени лажици сол заедно со масло за готвење. Нанесете ја смесата на потребните места и со нежни кружни движења, истата распространете ја на целата површина. Потоа нозете/петите завиткајте ги во најлонско ќесе и оставете така смесата да отстои во времетраење од 20-30 минути. Потоа исплакнете на вообичаениот начин, со сапун и топла вода.
За попријатен мирис, можете да додадете и неколку капки етерично масло по ваша желба.
3. Ослободете се од модринките
За ослободување од модринките на телото, ќе ви помогнат 2 супени лажици сол измешани со вода. Добиената смеса се нанесува на повредените зони и веднаш потоа се става фластер. Веќе следниот ден нема да има ниту трага од модринката што ви пречела.
4. Главоболка
Доколку страдате од главоболка на овие високи летни температури или едноставно работниот ден бил предолг, тогаш најдобриот начин за опуштање е да си направите купка со сол. Солта така растворена во топлата вода, ќе придонесе за опуштање на мускулите и ослободување од здодевната главоболка.