Кратката коса за многу дами е симбол на фризура која лесно се одржува- Ја миеш, ја сушиш и толку! Нема многу што да се прави со кратка коса. Но, дали навистина е така?

Всушност постојат неколку едноставни техники, кои лесно може да ги изведе секоја жена, а со чија помош, нејзината коса ќе се преобразби во 5 различни фризури.

Во продолжение откријте ги 3-те лесни опции за обликување на кратката коса, кои ќе ви бидат од голема помош во секојдневието, како и за специјалните пригоди.

Што ќе ви биде потребно

  • Лак за коса
  • Средство за заштита од топлината
  • Крема за обликување на коса
  • Гел за обликување на коса
  • Глина за обликување на текстурата на косата
  • Четка за коса
  • Фен за коса

Нанесете го средството за заштита од топлината врз косата, која претходно сте ја исушиле користејќи крпа и оставете го истото да се впие.

Потоа нанесете од кремата за обликување на косата. Овој чекор е прв за секоја од 5-те техники.

Техника бр. 1

Исчешлајте ја косата и притоа наместете го нејзиниот патец на десната страна. Исушете ја. Исчешлајте го предниот дел и исушете го во насока кон нагоре, при што на овој начин ќе го зголемите волуменот на вашата фризура.

По сушењето, нанесете мало количество од глината за обликување. Следно, напрскајте од лакот за коса и користејќи ги вашите прсти, добро скротете ги преостанатите влакна.

Техника бр. 2

Исчешлајте ја косата, нерамномерно распоредувајќи го патецот кон напред, исто како да обликувате шишки. Добро исушете ја секоја страна, а потоа употребувајќи глина, обликувајте ја текстурата на косата, акцентирајќи го особено делот при врвовите на фризурата и напрскајте од лакот за коса.

Техника бр. 3

Нанесете од глината за обликување при врвот на косата, насочувајќи ги слоевите од коса во различни насоки. Потоа со помош на фен, обликувајте ја косата во една заедничка насока, истакнувајќи го патецот и волуменот на фризурата.