3-те хороскопски знаци кои се оперирани од чувството за романтика, кога станува збор за љубовта
Повеќето луѓе се навикнати, особено на почетокот на една врска, да изразуваат повеќе романтични чувства и да прават буквално се за партнерот. Но, замислете партнерот да не е таков.
Да не се досетува да ви подари цвеќе, да ви каже некој убав романтичен збор или во најмала рака, не се досетува да ви приреди некој романтичен гест.
Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).
Во продолжение, денес ви претставуваме кои 3 хороскопски знаци се скарани со романтиката и не се склони кон изјавување љубов и сите романтчни работи кои ги прават вообичаено заљубените луѓе.
Воедно во врската со овие хороскопски знаци, за жал, љубовта иако ќе постои, нема да биде толку романтична како во љубовните романи. Еве за кои претставници на хороскопот станува збор:
1. Водолија
Водолиите одат од една во друга крајност. Тие или воопшто нема да се интересираат за вас или веднаш ќе сакаат да стапите во брак. Едноставно, или се премногу вљубени или сосема го игнорираат партнерот.
Но, кога се сериозно заљубени, наместо со зборови, тога ќе го покажат со неверојатни дела.
2. Близнаци
Овој хороскопски знак тешко се одлучува да им верува на останатите, бидејќи се убедени дека луѓето имаат тенденција постојано да лажат, да изневеруваат и да се грижат само за себеси.
Тоа ги прави Близнаците да изгледаат во врските како оперирани од романтичните чувства, но тие всушност само имаат потешкотии со довербата во партнерот.
3. Овен
Овенот со задоволство ќе го посети Париз или ќе отиде на пикник под ѕвездите со партнерот, но тоа никогаш нема да го признае. Тие се толку независни, што дури не сакаат да ја покажат својата чувствителност.