3-те најефикасни и брзи домашни средства, кои ќе ви помогнат да ставите крај на кршливите, жолти, меки и слаби нокти
Дојде есента, а со неа, повеќето луѓе веќе го почуствуваа недостатокот од витамини во организамот. Истиот најчесто и најпрво започнува да се манифестира преку влошување на состојбата на ноктите.
Еве како лесно и брзо, со домашни третмани да го подобрите нивното здравје:
1. Сол
Едно од најефикасните домашни средства е третманот со сол. Налејте 200 мл вода во сад, во кој удобно би можеле да ги сместите вашите дланки и во садот додадете 2 супени лажици вода. По ваша желба може да додадете и неколку капки витамин Е. Потребно е третманот редовно да се практикува во период од 2 недели.
2. Сок од лимон
Доколку вашите нокти започнат да се лупат, тогаш купките со сок од лимон и сол, значително ќе ви помогнат да го решите овој проблем. Во соодветен сад додадете неколку супени лажици свежо исцеден сок од лимон и грст сол. Добро измешајте ги состојките, а потоа потопете ги вашите прсти и оставете ги да отстојат во смесата 20 минути. Следно, измијте ги рацете со ладна вода.
3. Јод
Друг едноставен и лесен начин за зајакнување на вашите нокти е да ги намачкате истите со јод. Овој третман најдобро е да го практикувате навечер, така што веќе следното утро, ноктите ќе бидат одморени и вратени во нивната нормална и здрава форма.