3-те најлесни и најефикасни начини како да го спречите стареењето на кожата околу очите
Фините линии и брчките околу очите се најчесто последица од процесот на стареење, но не треба да им дозволите на брчките да ве победат. Со соодветната грижа на кожата околу очите, можете ефикасно да го спречите или значително да го намалите стареењето.
Еве и како:
1. Продолжете да пиете многу вода
2. Стимулирајте ја циркулацијата со масажа околу очите
Добрата масажа на кожата околу очите може да реши многубројни проблеми, како надвиснатата кожа, темните кругови и здодевните брчки. Масажата ќе ја подобри циркулацијата и ќе го намали отокот околу очите. Започнете да ја масирате надворешната зона на очите, а потоа доближете се кон внатрешноста. Масирајте максимум 5 минути.
3. Спијте доволно
Квалитетниот долг и добар сон е клучен за одржувањето на нашето здравје, а особено за негуваната кожа. Правилниот одмор е неопходен за негата на очите, бидејќи така се ублажува процесот на стареење. Стремете се кон тоа да одите на спиење порано, со цел следното утро да имате свеж и беспрекорен изглед.