3-те најмоќни и најефикасни природни начини како брзо и лесно да се ослободите од дамките на лицето
Прекумереното производство на меланин е најчестата причина за појава на хиперпигентација. Тоа може да се случи по изложување на кожата на сончеви зраци или пак, бременост, кога хормоните доживеале промена. Поради ова може да биде вистински предизвик елиминирањето на темните дамки од кожата.
За оваа цел, во продолжение ви откриваме професионалнии совети на кои 3 природни начини може да ја намалите пигментацијата и да добиете чиста, здрава и блескава кожа!
1. Нанесете црвен кромид
Црвениот кромид функционира како одлично избелувачко средство. Бројни истражувања докажуваат дека овој чудесен зеленчук може да ги блокира клеточните дејства, кои доведуваат до хиперпигментација. Кромидот важи за исклучително супер домашен лек, благодарение на кој може да ги направите темните дамки значително помалку видливи.
Што да направите: Земете 1 црвен кромид и истиот исечете го на колку што е возможно помали коцки. Додадете ги коцките во празна ќесичка од чај, а потоа истата нанесете ја на обласите зафатени со хиперпигементација. Оставете го сокот од кромидот да дејствува врз вашата кожа 10 минути.
2. Нанесете кисело млеко
Експертите откриваат дека млечната киселина може да биде одличен хемиски пилинг, кој ќе ви помогне при проблеми со кожата, вклучувајќи и хиперпигментација. За оваа цел нема потреба да купувате специјална маска, туку може да употребите обично кисело млеко.
Што да направите: Нанесете го киселото млеко директно врз хиперпигментираната кожа. Како опција, може да употребите памук, односно со памучен туфер да го нанесете млекото врз вашето лице. Оставете го да отстои неколку минути, а потоа исплакнете и нанесете соодветна навлажнувачка крема. Повторете ја процедурата 2 пати дневно, наутро и пред спиење.
3. Нанесете јаболков оцет
Експертите откриваат дека јаболковиот оцет исто така може да биде одличен сојузник во борбата против темните дамки на лицето, благодарение на неговата оцетна киселина, која ја осветлува кожата. Тој дејствува како антиоксидант, кој ефикасно ги штити клетките. Но, сепак бидете внимателни со неговата употреба доколку имате други проблеми со кожата.
Што да направите: Измешајте еднакви количества на јаболков оцет и вода, а потоа добиениот раствор нанесете го врз темните дамки на вашата кожа. Оставете го истиот да дејствува 2-3 минути, а потоа исплакнете со ладна вода. Повторете ја постапката двапати дневно.