3-те најштетни видови на храна за панкреасот, кои ја нарушуваат неговата функција и го забрзуваат стареењето
Животниот век на човекот зависи и од самото здравје на панкреасот. Овој важен орган секојдневно ги лачи дигестивни ензими, за да ја разгради храната и хормоните и да ги регулира одредените телесни процеси.
Бидејќи одржувањето на неговото здравје е од голема важност, за денес ви откриваме кои 3 видови на храна кои секојдневно ги консумираме се најмногу штетни за панкреасот и кои истовремено го забрзуваат процесот на стареење.
1. Алкохол
Алкохолот од секој вид, кога се консумира прекумерено и редовно лесно може да доведе до хроничен панкреатит. Во панкреасот нема ензими кои може да го разградат алкохолот, при што токсичниот ефект од истиот врз овој орган напаѓа директно.
2. Маргарин
Маргаринот е транс-масти, а неговото прекумерено консумирање може да резултира со кардиоваскуларни проблеми, како и нарушување на функцијата на панкреасот. Овој вид на храна ги поттикнува воспалителните процеси.
3. Мајонез и сосови
Високото количество на масти во комбинација со оцетна киселина и сенф го предизвикува дразнењето на стомачната лигавица и зголеменото производство на дигестивни ензими, што пак, лесно може да доведе до воспаление на панкреасот.