3-те најсигурни знаци дека партнерот ве изневерува, според истакнат семеен психолог
Семејниот психолог Светлана Боринова открива кои се 3-те најочигледни знаци во однесувањето на партнерот, кои покажуваат дека истиот изневерува.
Според неа, зголемениот број на службени патувања и заминувања може да бидат првите знаци на промена, односно партнерите кои изневеруваат, се посклони, почесто да отсуствуваат од дома.
Друг знак може да бидат драстичните промени во расположението. На пример, кога човекот се обидува да се потруди повеќе за семејството поради чувство на вина, започнува да купува повеќе подароци за неговата сопруга и децата, но постои отсуство на физичка блискост.
Иако психологот првично во знаците како пример ги наведува мажите како партнерите кои изневеруваат, вели дека истите карактеристики подеднакво важат и за жените.
„Друг знак кој открива дека партнерот изневерува е неоправданиот гнев. Станува збор за тежок карактер, зголемена чувствителност и нетрпеливост, кои се показател за негативни драстични промени во расположението, во обид да се сокрие неверството.“- објаснува семејниот експерт.
Истовремено психологот истакнува дека не е возможно овие знаци веднаш да ги забележите по неверството, туку тие се појавуваат по одредено време.