3-те работи поради кои убавите жени „паѓаат“ на непривлечни мажи
Сигурно ви се случило милион пати да видите згодна и убава девојка во прегратките на не толку привлечен маж на улица. Признајте дека првото нешто што ќе ви падне на памет тогаш е „Мора да е поради парите со него“. Сепак, не мора да значи.
Експертите и научниците спроведоа интересно истражување за да утврдат врз основа на што повеќето жени ја избираат својата посилна половина. Па така, погледнете зошто привлечна женаповеќе би одбрала смешен и не толку привлечен маж пред атрактивен модел со мускулни плочки на стомакот:
1. Сигурност пред привлечност
За разлика од мажите, на кои им е важен изгледот на нивнната избраничка од гледна точка на еволуцијата, односно поради добрите гени што ќе бидат пренесени на потомството, за жените е многу поважно да имаат стабилен, сигурен и посветен маж, кој нема да флертува наоколу, туку на неа и децата ќе им овозможи безбеден дом.
2. Карактер пред физички изглед
Атрактивните мажи обично сметаат дека да се биде привлечен е доволно и затоа не работат на развој на нивниот карактер, туку чекаат жените да паднат пред нивните нозе. Но, откако ќе помине фасцинацијата од физичкиот изглед, останува само неговиот карактер и особини и секоја жена повеќе би сакала да го сподели својот живот со харизматичен, духовит и талентиран маж отколку со маж кој единствено што има да понуди е неговата убавина.
3. Отвореност пред мускулесто тело
Добрата комуникација, отвореноста и изразувањето на емоциите се исклучително важни за жените. Нема ништо попривлечно од маж кој е мажествен и полн со самодоверба и кој не се срами да му покаже на целиот свет дека вие сте неговиот свет. Атрактивниот и себичен маж кој е вљубен во неговите бицепси и неговиот одраз во огледалото покрај првиот тип на мажи едноставно нема шанси.
Какви мажи вас ве привлекуваат и што вам ви е најважно при изборот на партнер?