3-те утрински навики поради кои забрзано и предвремено старееме, а ги прави секој од нас
Секој од нас наутро има свои лични ритуали, кои ги практикуваме секојдневно, уште по самото станување од креветот. Иако од мали ги учиме основните навики за хигиена и доста од нив се корисни, сепак постојат работи кои повеќето ги прават погрешно.
Токму поради тие утрински погрешни навики се забрзува процесот на стареење и неговите последици се појавуваат многу порано. Еве што најчесто правиме погрешно секое утро:
1. Не го започнуваме денот со туширање
Секој ден се соочуваме со низа прашања и проблеми, поврзани со работното место и личниот живот, за кои сме принудени да сме одговорни во текот на целиот ден. Така, според еден истакнат лекар од Хардвард, утринското туширање ќе ни помогне значително полесно да се справиме со обврските во текот на денот и да пронајдеме решение за секој проблем. Ова се должи на фактот дека туширањето му помага на мозокот да биде повеќе активен и да размислува повеќе, односно да генерира правилни и нови идеи. Токму затоа речиси никогаш не треба да ја пропуштаме шансата да се тушираме наутро.
2. Премногу топол туш
Иако топлиот туш релаксирачко дејствува и го опушта телото, туширањето наутро со премногу топла вода всушност може да ве натера да се вратите назад во кревет, наместо да бидете освежени за новиот ден. Туширањето наутро со ладна вода има неколку предности, меѓу кои ќе се чувствувате свежо, ќе биде стимулирана мозочната активност и имунитетот ќе работи многу подобро.
3. Премногу долго го проверуваме телефонот
Социјалните мрежи се главната причина поради која речиси сите поминуваат премногу долго време наутро проверувајќи ги своите телефони. Начинот на кој ќе го поминеме денот зависи од тоа како ќе го започнеме денот. Затоа најдобро е да престанеме веднаш по будењето да го проверуваме животот на останатите на Интернет, да ги читате коментарите и мислењата, туку наместо тоа, тоа време да го посветиме на самите себе. Да ја вклучиме омилената музика, да се тушираме, да појадуваме правилно и здраво и да одвоиме време да се средиме за надвор.