3 видови на храна кои предизвикуваат предвремено стареење
Секое хранење е нова промена за телото. Понекогаш телото се менува кон подобро, но понекогаш кон полошо, но промените се неизбежни без разлика за кој оброк од денот станува збор.
Староста и храната
На прашањето „Како старее телото“, ниту еден научник нема прецизен одговор, но по бројни експерименти, експертите откриваат дека постои директна врска меѓу храната и староста, односно одредени видови производи го спречуваат предвременото стареење, но други пак, го забрзуваат тој процес.
Еве кои видови на храна предизвикуваат предвремено стареење доколку се претера во нивната консумација:
1. Брчките се појавуваат од благо
Поконкретно, претераната консумација на благо, шеќерот во организамот го претвора силниот колаген, кој е одговорен за еластичноста на нашата кожа, во слаб, неспособен т.е ја нарушува неговата функција, при што истиот веќе не може да ја одржува нашата кожа мазна, туку таа станува збрчкана.
Освен појавата на брчки, благото придонесува и за зголемување на телесната тежина, оксидирање на внатрешните органи, ги прави забите посклони кон разни заболувања и му штети на кардиоваскуларниот систем. Не станува збор само за шеќерот во чиста форма, туку и сите останати производи кои го содржат истиот.
2. Трансмастите доведуваат до стареење на мозокот
Филозофското прашање за тоа дали е поважно да останеме во здраво тело или при здрав разум, научниците ќе се сложат дека здравото тело треба да означува и здрав разум. И иако сосема во ред е понекогаш да се препуштиме на вкусните задоволства, сепак не треба да претеруваме. Бидејќи според експертите производите кои содржат трансмасти, придонесуваат до предвремено стареење и нарушување на мозокот, како и појава на Алцхајмерова болест.
Храната, во чиј состав влегуваат трансмастите, влијае врз крвта, така што го зголемува нивото на липопротеините, кои по нивното разложување во организамот, ги блокираат нервните клетки во мозокот.
Тоа доведува до бавно влошување на контигивните функции, лошата меморија, кои подоцна добиваат повисок негативен степен на развој и значително го нарушуваат правилното функционирање на личноста.
3. Чајната доведува до дисфункција на крвните садови
Развојот на атеросклероза кај младите луѓе е возможна само благодарение на претерана консумација на производи како чајната. Големото количество на фосфор, кое е присутно во чајната и колбасите е главниот виновник за тоа. Таквите хемиски соединенија доведуваат до нарушување на состојбата на крвните садови, што пак доведува до предвремено стареење на организамот кај помладите.