3 видови на храна преку кои „се храни“ ракот на дебелото црево, а кои повеќето од нас редовно ги консумираат
Ракот на дебелото црево е најзастапениот облик на рак кај луѓето, при дигестивниот тракт. Тој може да биде предизвикан од бројни причини, вклучително наследните гени, но и самата исхрана.
Според научниците, консумирањето определени видови храна повеќекратно го зголемува ризикот и шансите за појава на рак на дебелото црево.
Бројни истражувања покажале дека канцерогените својства се застапени во одредени видови газирани пијалоци, конзервираната храна, како и вештачките засладувачи.
Онколозите ги предупредуваат луѓето да не креваат паника, туку едноставно да ја намалат консумацијата на одредени видови храна.
Но, сепак има одредени производи кои самата Светска здравствена организација ги има вклучено на својата листа на канцерогена храна од прв степен, што означува дека претераната консумација на истите, значително може да доведе до зголемен ризик од појава на рак на дебелото црево.
Еве за кои 3 видови на храна станува збор:
1. Преработено месо
Колбасите и сланината содржат натриумов нитрит, кој предизвикува патолошки промени во цревната лигавица. Покрај тоа, ја стимулира и појавата на атипични клетки, чиј раст образува тумори.
Оваа година, како и претходните четири години, овој вид на храна повторно се најде на негативната листа на СЗО, како храна која предизвикува рак, што беше поткрепено и од научните истражувања.
Во текот на 6-годишно истражување, спроведено од универзитетот Оксдорд, биле набљудувани 500.000 мажи и жени од В.Британија, на возраст од 40 до 70 години, при што бил набљудуван нивниот начин на живот и навиките во исхраната.
За време на експериментот, 2609 луѓе, кои претерано консумирале преработено месо, заболеле од рак на дебелото црево, за разлика од испитаниците кои ја немале оваа штетна навика во исхраната.
2. Црвено месо
Во истото истражување направено до универзитетот Оксфорд, ризикот од појава на рак на дебелото црево бил оценет како многу висок, при претерана консумација на црвено месо.
Кај луѓето кои претерано консумираат црвено месо, ризикот за појава на оваа болест е поголем за 20%.
3. Алкохол
Етиленскиот алкохол има штетно влијание врз лигавицата при стомакот и цревата, а редовната консумација на алкохол придонесува за развој и образување на тумори. Ова го потврдиле и американските научници од Национаниот институт за рак во САД.
За време на истражувањето кое траело 10 години, научниците ја набљудувале врската меѓу консумацијата на алкохол и појавата на рак кај луѓето над 40-годишна возраст.
На крај научниците заклучиле дека консумирањето мало количество на алкохол го штити организамот од појава на кардиоваскуларни заболувања, но од друга страна пак, претераната консумација на алкохол го зголемува ризикот од појава на рак.