3 волшебни домашни маски против косопадот во студениот период: Ги зајакнуваат и обновуваат влакната
Есента и зимата се периодите од годината во која луѓето се најмногу склони кон развивање косопад. Тоа се должи на фактот што во текот на летото, косата била изложена на поинтензивни фактори, што значително ја ослабнале.
Како резултат на тоа, таа започнува да паѓа, да станува потенка. За да го спречите овој непријатен процес, потребно е вашата коса да ја потхраните со правилните природни производи.
За таа цел, денес ви претставуваме 3 волшебни домашни рецепти, кои се подготвуваат многу едноставно, а се неверојатно ефикасни!
1. Маска со рузмарин
Рузмаруинот е билка со чудесни својства. Таа го стимулира растот на косата, ја подобрува текстурата на влакната и ја подобрува нивната густина.
Потребни состојки
- 2-3 супени лажици ситно исечен рузмарин
- 1 шолја вода
Начин на подготовка
Сварете ја водата, а потоа додадете го во неа и рузмаринот на неколку минути. Прецедете ја добиената течност и оставете ја истата да се излади. Масирајте ја претходно измиената коса со шампон, со домашниот раствор. Откако истиот добро ќе го нанесете на косата, оставете го да отстои 15 минути, а потоа само исплакнете, без повторно да ја миете вашата коса.
2. Маска со зелен чај
Зелениот чај е исклучително богат со антиоксиданти. Тие ги обновуваат влакната и го спречуваат нивното понатамошно оштетување.
Потребни состојки
- 1 жолчка
- 2 супени лажици зелен чај
Начин на подготовка
Измешајте ги состојките, откако претходно сте го свариле и изладиле чајот. Добиената смеса нанесете ја врз вашиот скалп со помош на четка или масирајќи со вашите прсти. Оставете ја маската да дејствува 20 минути, а потоа измијте со ладна вода и добро исплакнете. Протеините во оваа маска длабоко ја потхрануваат косата и ја подобруваат состојбата на скалпот.
3. Маска со пченичен микроб, лимон и павлака
Лимонот ја прочистува косата и ги отстранува масните наслаги при истата, со што се смета за природен ексфолијант. Пченичниот микроб длабоко ги потхранува влакната, а павлаката ги хидратира и косата и кожата.
Потребни состојки
- 2 лимони
- ¼ кисела павлака
- ¼ масло од пченичен микроб
Начин на подготовка
Измешајте ги состојките во еден сад, откако претходно сте го исцедиле природниот сок од лимоните. Добро измешајте ја маската, а потоа нанесете ја по целата должина на косата, од коренот до врвот. Оставете да дејствува околу 90 минути, а потоа измијте ја вашата коса. Маската ги одзатнува порите на скалпот, ги отстранува масните наслаги и го помага обновувањето на косата.