3 жени откриваат како се справиле со изневерувањето на нивните сопрузи
Без сомнеж, основната причина за распаѓањето на повеќето бракови е изневерувањето. Не секој е способен да прости, а уште помалку да продолжи да живее под ист покрив со личноста која изневерила.
Но, како и за се друго, па така и во вакви случаи, постојат исклучоци, па така, во продолжение прочитајте ги исповедите на 3 жени кои откриваат како се справиле со изневерувањето на нивните сопрузи и кои од нив одлучиле да дадат втора шанса.
1. Стела, 54 години
„Беше брутално и ужасно да откријам дека излегува со друга жена. Бев шокирана, особено бидејќи непријатното изненадување дојде токму во моментот кога мислев дека нашиот брак е и повеќе од стабилен. Редовно имавме интимни односи, заедно воспитувавме две прекрасни деца и се беше хармонично. Откако го открив изневерувањето, одлучив да разговарам.
Разговорите ни помогнаа да го решиме проблемот. Мислам дека без истите, ќе стасавме до брачен советник. И двајцата разговаравме и сфативме дека е невозможно 6-месечна афера да растури брак од 25 години. Се подразбира, постои емоционален белег од целата ситуација, но му простив во името на сите оние среќни заеднички моменти. Потребен е цврст карактер и упорност, а потоа мојот сопруг стана уште попрекрасен.“
2. Борјана, 48 години
„Многу тешко го преживеав неговото изневерување. Тој ме напушти и отиде да живее кај друга жена. Се познававме од основно училиште и заедно имавме едно дете. Немав сили да му простам, а да продолжев да живеам со него, ќе значеше да си погазам сопственото достоинство. Го ограничив мојот контакт со него и се гледавме само во деновите кога требаше да го земе нашиот син. По изневерувањето, започнав да се фокусирам на себеси и покрај болката, со текот на времето успеав повторно да бидам среќна.“
3. Маријана, 27 години
„Кога разбрав дека се гледа со друга, додека истворемено беше со мене, веднаш го напуштив. Не комунициравме 6 месеци и никогаш не одговарав на неговите пораки и повици. Дури го блокирав и на социјалните мрежи. Еден ден се сретнавме сосема случајно. Откако зборувавме, сфативме дека многу нешта сме пропуштиле. Следниот ден, повторно започнавме да се гледаме. Оттогаш поминаа 3 месеци и сега сум повторно среќна со него.“