Неколку трикови кои ќе Ви заштедат пари
1. Чувајте ја правилно храната
Ставете во фрижидер: јаболка, кајсии, брокула, сливи, краставици, карфиол, марула и др.
Чувајте однадвор: праски, авокадо, кајсии, банани, лубеници, домати.
Држете на ладно и темно: компири, кромид, лук. Чувајте ги одделно, за да не ги апсорбираат вкусовите.
2. Држете ги производите на видно место
Добра идеја е да ја чувате на видно место храната која се расипува релативно брзо. На пример млечни производи и меки плодови. Задолжително ставете ги напред во фрижидер.
3. Направете итри замени
Ако во рецептот пишува дека ви треба спанаќ, а вие имате кељ, направете замена. На ист начин може да замените со јаболко некое друго овошје.
4. Замрзнете ги остатоците
Ако ви е останала супа, замрзнете ја во калапи за мраз. Подоцна можете да приготвите од неа ароматичен сос.
5. Замрзнете го и виното
Ако не успеете да го испиете шишето со вино, замрзнете го остатокот. Повторно користете калап за мраз. Потоа може да користите коцка – две за подготвување на маринада.
6. Редовен шопинг во локалната продавница
Како ќе заштедите ако треба да купувате почесто? На овој начин го намалувате ризикот од купување на преголемо количество храна, која по неколку дена ќе се расипе, бидејќи не можете да ја изедете целата.
7. Купете производите за неколку јадења
Испланирајте го менито за една недела. Изберете рецепти во кои можете да користите ист производ неколку пати.
8. Користете ги остатоците
Наместо да ги фрлате остатоците после вечера, искористете ги во нов рецепт. На пример ќофтињата, може да се трансформираат во парченца месо за јадење со зеленчук или пак супа.
9. Јадење во мали порции
Кога порциите се мали, веројатноста да ви остане нешто во чинијата е прилично мала. Освен тоа така ќе си ја зачувате половината слаба.
10. Пробајте домашна рецепт за убавина
Штом забележите дека бананите се расипуваат, а не можете да ги изедете, подгответе од нив маска за лице. Бананите се погодни за лице и тело, ја омекнуваат кожата.