4-7-8 техника за дишење која ќе ви помогне да се релаксирате
Техниката на дишење 4-7-8 бара oд субјектот да се фокусира на земање и испуштање на здивот кој треба да е долг и длабок. Ритмичкото дишење е основен дел од многуте практики на медитација и јога, бидејќи потикнува релаксација.
За 4-7-8 техниката на дишење, се верува дека може да помогне со следново:
- намалување на вознемиреноста
- помагање на субјектот да заспие
- самоконтрола со храна
- контролирање или намалување на лутина
Пред да започнете со методот на дишење, усвојте удобна положба за седење и поставете го врвот на јазикот на ткивото веднаш зад горните предни заби.
За да ја користите техниката 4-7-8, фокусирајте се на следната шема на дишење:
- испразнете ги белите дробови од воздухот
- вдишете тивко преку носот 4 секунди
- задржете го здивот за броење од 7 секунди
- издишете насилно преку устата, испуштајќи „шшш“ звук, 8 секунди
- повторете го циклусот до 4 пати.
Вкупниот број на секунди што трае дишењето е помалку важен од одржувањето на односот. Лице кое не може да го задржи здивот доволно долго, наместо тоа може да проба пократок модел, како што е:
- дишете преку нос 2 секунди
- задржете го здивот за броење од 3,5 секунди
- издишете преку устата 4 секунди
Погледнете го ова видео од д-р. Андреј Веил како го објаснува методот.