При изборот на соодветна гардероба најдобро е да се чувствувате удобно, но треба да признаете дека важно е и каков впечаток ќе оставите пред останатите. Секоја дама сака да се придржи до младешкиот изглед, па затоа ви претставуваме 4 бои кои ќе направат да изгледате попривлечни и младолики.

Овие 4 бои докажано подмладуваат:

1. Тиркизна

Оваа боја го нагласува сјајот на кожата. Постојат многу нијанси од оваа боја кои се движат од сини тонови до светло зелени, па на тој начин имате и поголем избор пред вас!

2. Циклама

Циклама или темно розовата боја, дава посебна свежина во изгледот. Затоа можеби е една од омилените женски бои.

3. Темно сина


Темно сината боја која се граничи со црната секогаш остава елегантен впечаток. Класична, но и безвременска боја која стои добро во секоја комбинација. Не само што ќе направи да изгледате попривлечно, туку и послабо!

4. Светло сина


Уште една боја која одговара на повеќето жени. Оваа боја ја задржува вашата природна убавина и допринесува да внесете свежина во вашиот изглед!