Стомакот е орган поставен меѓу тенкото црево и хранопроводот и воедно е место во организамот каде се одвива преработувањето на храната. Стомакот одделува киселина со ниска pH вредност и е во состојба да ги уништи бактериите, навлезени преку храната.

На овој начин, дигестивниот тракт е заштитен од бројни потенцијални инфекции, кои дури може да резултираат со дијареја. Но, овој орган е и подложен на инфекции и заболувања, како гастритис, предизвикан од воспаление на лигавицата, што пак доведува до подуеност на стомакот, стомачни киселини, загуба на апетитот, крварење и болка во епигастриумот.

Гастритисот се појавува поради неколку причини, како:

  • Пушење на цигари
  • Прекумерена консумација на алкохол
  • Хроничен стрес
  • Нездрави навики во исхраната
  • Бактериска инфекција

Постојат многу ефикасни за лекување на гастритисот, но повеќето од лекарствата имаат несакани последици, па затоа најдобро е да се избере природниот начин на лекување.

Домашни средства за лекување на гастритис

1. Оризова вода: Сварете 1 литар вода со две грсти бел ориз. Откако оризот ќе се излади, истиот прецедете го, а добиената вода консумирајте ја во текот на денот за ублажување на симптомите.

2. Сок од морков и целер: Поставете 2 моркови, неколку страка целер и вода во блендер и пасирајте до добивање соединета смеса. Консумирајте ја добиената смеса за ублажување на стомачните киселини.

3. Ѓумбир и круша: Исечете ги ѓумбирот и крушата и поставете ги да се варат. Откако ќе се сварат, отстранете го тенџерето од оганот, а добиената течност консумирајте ја секое утро.

4. Чај од магдонос: Додадете 3 полни супени лажици листови од магдонос во 4 кафени шолји врела вода. Оставете го чајот да отстои така 10 минути и притоа консумирајте мали голтки од истиот пред секој оброк, за да ја спречитее подуеноста на стомакот.