4 лесни правила кои ќе ни помогнат да не се здебелиме за време на празниците и зимскиот период
Зимата и студеното време ни налагаат повеќе седење дома, а пак, празничниот период е време кога сите знаеме да се опуштиме повеќе од потребното, а со тоа и да консумираме обилна храна.
Тоа лесно може да доведе до брзо наталожување на килограмите, но овие 4 лесни правила ќе ни помогнат да го спречиме несаканото дебелеење.
1. Фотографирајте ја храна пред да ја консумирате
Ново истражување докажува дека луѓето кои документираат што имаат изедено, постигнуваат поголем успех при слабеењето. Воедењето на ваков вид на дневник, ќе ви помогне во голема мера повеќе да се контролирате и да ги ограничите вашите порции.
2. Движете се повеќе
Не дозволувајте студеното време да ве органичува, па затоа не заборавајте при секоја можност, да се движите што повеќе. Или пак, практикувајте вежби во домашни услови, но во секој случај, активирајте се.
3. Не ги исфрлајте јаглехидратите од вашето мени
Тие се поврзани со нивото на серотонин во организам, при што добро е да ги консумирате кога вашиот организам ќе почувствува потреба од нив.
4. Зимски зеленчуци
Погрижете се вашето дневно мени да биде богато и исполнето со брокула, зелка, моркови, како и цитрусни овошја. Тие ќе ви помогнат да ја балансирате исхраната и да ги добиете потребните витамини.