4 лесни вежби кои ја отстрануваат асиметријата на телото и го забрзуваат метаболизамот
Колку пати сами на себе си имате речено: „Од Понеделник ќе започнам да вежбам“ и ниту еднаш не го исполнивте сопственото ветување?
На нашето тело му е потребна физичка активност, за да го одржи целопкупното здравје во добра форма. Но, со денешниот зафатен начин на живот, повеќето луѓе тешко пронаоѓаат слободно време за вежбање, бидејќи истовремено работата и домашните обврски ја трошат нашата енергија.
Но, светските тренери мислат и на обичните луѓе, па затоа имаат создадено фитнес листа од 4 лесни вежби кои едноставно можете да ги практикувате дома, а кои ќе ви помогнат да ја одржите вашата фигура и ќе го обноват вашиот метаболизам.
Еве за кои 4 вежби станува збор:
1. Врат и рамена
Оваа вежба ќе ја обнови флексибилноста на вашите мускули и ќе го отстрани притисокот што го чувствувате во овие делови од телото.
Што е потребно да направите:
- Легнете на вашиот грб и свиткајте ги колената.
- Поставете крпа околу вашиот врат, а потоа кренете ја и поставете ја на задниот дел од вашата глава.
- Истегнете ја крпата нагоре, обидувајќи се да управувате со вратот. Држете ги лактите разделени, за да не го попречувате слободното дишење.
- Направете 3 длабоки вдишувања и повторете ја вежбата 3-4 пати.
2. Свиткување
Свиткувањето ќе ја подобри циркулацијата на крвта и ќе го зајакне лимфниот проток. Оваа вежба е идеална за луѓето кои се соочуваат со надвисната кожа.
Што е потребно да направите:
- Потпрете го рамото на вертикална лента. За таа цел, може да ја употребите вашата врата.
- Фатете ја вратата со раката од спротивната страна.
- Свртете го телото, при што ќе го почувствувате активирањето на мускулите на грбот и на раката.
- Задржете по 30 секунди за секоја страна.
3. Грб и граден кош
Оваа вежба ќе ги зајакне и зацврсти вашиот грб и граден кош. За да процесот на дишење се одвива нормално, без пречки при нејзиното практикување, ќе ви биде потребна подлога за јога.
Што е потребно да направите:
- Легнете на вашиот стомак, а потоа кренете ги рамената и прекрстете ги рацете под градниот кош.
- Потпрете го вашето чело на крпа, свиткана во ролна.
- Исправете ги прстите, но без да ги преоптеретувате мускулите.
- Затворете ги очите и направете 8 длабоки вдишувања. Вежбата може да ја повторите веднаш по кратка пауза.
4. Колкови и бутови
Оваа вежба ќе ви помогне во зацврстување на кожата на бутовите, притоа ефикасно ќе се избори со целулитот и ќе ја спречат појавата на болки, како резултат на прекумереното седење.
Што е потребно да направите:
- Клекнете на подот и притоа, поставете ги рацете веднаш под рамената, едната нога свиткајте ја кон напред, додека пак, другата нога протегнете ја кон назад, потпирајќи ја на ѕидот.
- За кратко време, ќе го почувствувате активирањето и затегнувањето на целото тело.
- Задржете ја оваа положба 30 секунди.