Медот навистина е течно злато, неверојатен природен еликсир за нашето здравје. Дали некогаш сте пробале да го консумирате секоја вечер пред спиење?

Во древните индиски и кинески книги за здравје, лекарите целосно го препорачуваат да се консумира по 1 супена лажица мед секоја вечер, а еве и поради кои  неверојатни причини:

1. За здрав и квалитетен сон

Медот е познат по неговото смирувачко дејство, па затоа истиот ќе ви помогне брзо и лесно да го подобрите квалитетот на вашиот сон, со тоа што го поттикнува производството на мелатонин- хормонот одговорен за здравиот сон.

2. Помага во согорувањето на масните наслаги

Истакнатот американски нутриционист Мајк Макинес вели дека луѓето кои редовно консумираат мед секоја вечер пред спиење, согоруваат 10 пати повеќе маснотии од оние кои ја немаат оваа здрава навика.

3. Го освежува црниот дроб

Здравјето на црниот дроб е од витално значење за здравјето на целиот организам, а консумирањето на мед пред спиење ќе помогне за негово прочистување од токсини, притоа истовремено помага и за обновување и на неговата функција.

4. Го зајакнува имунитетот и му дава енергија на организамот

Медот во комбинација со чудесниот лук го зајакнува имунитетот, додека пак, доколку сакате секое утро да се будите свежи и полни со енергија, тогаш не заборавајте секоја вечер пред спиење да консумирате чаша вода зачинета со мед и сок од лимон.