4 очајни сингали кое ви ги дава телото, дека не пиете доволно вода
Секој ден пиеме вода, без да се размислиме дека хидратацијата на телото е од витално значење за здравјето на секое живо суштество. Кога сме жедни, одиме во кујна и налеваме чаша вода. Тоа е природен процес, како и дишењето.
Водата игра огромна улога во правилното функционирање на нашето тело, таа е е неопходна за дигестијата и без истата е невозможно да се одржи телото во форма.
Еве 4 сингали кои откриваат дека не пиете доволно вода:
1. Боја на урината
Доколку забележите дека вашата урина станала потемна од вообичаено- пожолта, па дури и кафеава, веднаш испијте 1-2 чаши вода.
2. Сува кожа
Сувата кожа може да биде предизвикана од недостаток на вода во телото. Иако според експертите, може да постојат и бројни други причини, сепак се согласуваат дека недоволната консумација на вода е најчестата.
3. Опстипација
Да, дури и на вашите црева им е потребна вода за да функционираат добро. Доколку телото не добива доволно течност, тоа може да го манифестира преку дигестијата, односно да доведе до појава на опстипација.
4. Замор, главоболка и чувствителност
Главоболката често може да биде знак дека човекот не консумира доволно вода, а кога има недосток на вода во организамот, истиот лесно може и да сте многу чувствителен. Исто така, луѓето кои пијат малку вода, се повеќе уморни и имаат помалку сила од останатите.