4 причини зошто треба да јадете по 4 бадеми секој ден: Зошто се корисни, дури и во мали количества
Бадемите се редок случај во кој здравата храна, воедно е и вкусна. Тие се едни од најдобрите извори на калциум, а еве зошто е корисно да консумирате по 4 бадеми секој ден.
Придобивки од бадемите
1. Намален холестерол
Бадемите може да го намалат нивото на лошиот, а да го стимулираат добриот холестерол. Едноставно заменете ги вашите вообиачени грицки, со неколку бадеми и ефикасно ќе го спречите затнувањето на артериите.
2. Косата станува силна и блескава
Бадемите се создадени за убавината на вашата коса. Тие ги содржат сите неопходни витамини и минерали кои се потребни за обновување на здравјето на косата.
3. Се слабее побрзо
Иако содржат масти, без грижи, тоа се корисни мононезаситени масти, а консумирањето на бадемите меѓу оброците значително ќе го подобри метаболизамот и ќе го забрза варењето на храната.
4. Срцето и мозокот работат подобро
Бидејќи бадмите се моќен извор на огромен број витамини и минерали, нивното консумирање придонесува за зајаканување на мозочната функција и подобрување на кардиоваскуларното здравје.