4 работи кои ги прави партнерот, а кои откриваат дека станува збор за токсична и несреќна љубовна врска
Следниве знаци, според љубовните експерти, всушност ви даваат зелено светло да ставите крај на вашата врска, дури и ако не сте 100% сигурни дека ја правите вистинската работа.
Ова е кратко, но брутално точно. Ако се препознаете во ова, првиот чекор е – престанете да се залажувајте дека ќе биде подобро.
1. Партнерот е насилен
Дури и ако тој никогаш не ве повредил физички, насилниот партнер е насилен партнер.
Честите викања, сцени, фрлање работи или нешто сосема различно – ова дефинитивно не е личност која ви е потребна или личност со која би сакале да го поминете остатокот од животот.
2. Партнерот ве изневерил
Некои нема да се согласат со ова и ќе речат дека знаат парови кои го имале овој проблем и кои успеале да ја вратат својата врска „по старо“ и да ја направат уште подобра.
Да, но тоа се неколку парови. Овде не станува збор за самиот чин на изневерување, туку факт дека партнерот не ве почитува доволно и работа која доведува до губење на довербата, (воедно може да го зголеми ризикот од пренесување на заразни болести).
3. Партнерот има пороци
Сега, ќе речете: „Но, цигарите се исто така порок“! Да, се согласуваме со вас, но мора да признаете дека „хроничното“ коцкање, зависноста од дрога, алкохол и интимни односи се многу полоши пороци отколку пушењето цигари!
4. Партнерот е манипулатор
Ако вашиот партнер се обидува да ве промени на сите можни начини, тој всушност манипулира со вас и вашите емоции. Не треба да се менувате за никого – освен за себе, а не за ваква личност, дури и ако таа е последна во светот.
Секогаш бидете она што сте – тоа е секогаш најдобрата „политика“.