4 работи во домот, кои штетно влијаат врз штитната жлезда и нè разболуваат
Штитната жлезда е мал орган сместен во долниот дел од вратот и притоа истата има форма на пеперутка. И покрај нејзиниот мал размер, штитната жлезда игра исклучително важна улога во функционирањето на сите системи во човечкото тело, при што е одговорна за речиси секој процес кој се одвива во истото.
Доколку во штитната жлезда се појават одредени промени, тоа се одразува на целокупниот организам, што пак, значително го намалува квалитетот на животот и здравјето.
Наталожувањето на токсини и други штетни материи е најчестата причина за појава на здравствени проблеми при штитната жлезда, а во продолжение ви откриваме кои 4 работи во домот, се главни носители токму на ваквите токсини:
1. Пестициди
Бројни научни истражувања потврдуваат дека луѓето кои почесто имаат контакт со пестициди, имаат поголеми шанси да се соочат со нарушување на функцијата на штитната жлезда.
Истовремено, други истражувања тврдат дека 66% од пестицидте кои редовно луѓето ги употребуваат денес создаваат одредени промени при штитната жлезда.
2. Пластика
Веќе одамна е докажано дека пластиката е штетна за луѓето, а тоа се должи на фактот што истата содржи антимон, вид на тежок метал. Истиот се испушта преку нејзината површина и тивко навлегува во нашето тело.
Од неодамна, дански истражувачи открија присуство на антимон и во соковите кои се складирани во пластични шишиња. Покрај тоа, воедно беше откриено, дека и останатите состојки кои влегуваат во состав на пластичните шишиња штетно влијаат врз функцијата и здравјето на штитната жлезда.
3. Паста за заби со триклозан
Одредени видови на паста содржат триклозан, кој негативно влијае врз функцијата на штитната жлезда, како и производството на естроген и тестостерон.
Триклозанот е исклучително опасна состојка, кој го попречува правилното производство на хормони при штитната жлезда и истовремено го нарушува нормалното функционирање на репродуктивниот систем и го забавува метаболизамот.
4. Соја
Сојата содржи фитоестрогени, кои го попречуваат нормалното функционирање на штитната жлезда, ја блокираат способноста на организамот да користи јод и го поречуваат процесот на производство на хормони.
Покрај тоа, во повеќето случаи, сојата денес е генетско-модифицирана и затоа може да биде штетна за целокупното здравје.