4 сигурни знаци дека треба веднаш да ја прекинете врската
По неколку месеци врска и љубовни моменти, следува прашањето: Каде води сето тоа? Ако добиете одговор: „не знам”, тогаш внимателно размислете.
Потрошеното време не можете да го вратите, доколку во врската имате повеќе лоши спомени од добри, тогаш треба да превземете мерки со кои ќе се заштитите себе.
Доколку се препознаете во барем една од овие 4 ситуации време е да кажете „збогум”!
Се чувствувате осамени, иако сте во врска
Има ли полошо чувство од тоа да се чувствувате осамени иако сте со партнерот до вас? Проблемот е во тоа што тој не ви обрнува доволно внимание. Секогаш се надевате дека ситуацијата ќе се промени, но вистината е поинаква. Осаменоста не се лекува лесно, а тоа е доволен знак кој ви покажува дека нешто не е во ред.
Ја губите самодовербата
Кога партнерот поминува помалку време со вас, се прашувате дали проблемот е во вас. Со текот на времето тоа ви ја намалува самодовербата.
Немате заеднички планови за иднината
Ако по некое време сфаќате дека никогаш нема да го имате она што го посакувате или тој нема планови за иднина со вас, тогаш не си го губете времето. Љубовта без иднина значи дека таа е само еднострана.
Постојано ја корегирате врската
Кога целата своја енергија ја насочувате кон партнерот кој не е доволно присутен психички и физички, а продолжувате да се гледате со него, ја затворате можноста да се појави вистинскиот. Важно е со време да си поставите граница, до кога ќе го толерирате тоа и кога ќе почнете да се борите само за себе. Ако навистина сакате да ја пронајдете љубовта, не губете време со корекции на веќе уништени врски.