4-те моќни домашни средства кои ги убиваат бактериите кои предизвикуваат рак, чир, гастритис и стомачна подуеност
Речиси 50% од светската популација има хеликобактер пилори во својот организам, а повеќето од нив воопшто не се свесни за ова. Овие бактерии имаат способност да се населат во стомакот и да предизвикаат сериозна штета.
Меѓу сериозните заболувања кои може истите да ги предизвикваат спаѓаат и рак на желудникот, стомачни чирови, гастритис, стомачна подуеност итн.
Најчести знаци кои го откриваат присуството на хелико бактерија во организамот:
- Дисбаланс на стомачната киселина
- Гастритис
- Стомачно нарушување
- Гадење
- Подуеност на стомакот и образување на гасови
- Зголемена чувствителност на храна и склоност кон алергии
Доколку го претпочитате природниот на лекување, во продолжение прочитајте кои 5 домашни состојки се сметаат за најдобрите во борбата против овие заболувања, предизвикани од хелико бактеријата.
1. Брокула
Многубројни истражувања покажуваат дека брокулата е богата со сулфорафан, соединение кое многу брзо ја убива хеликобактер пилори бактеријата. Токму ова објаснува зошто свежиот сок од брокула и самиот зеленчук се одлично средство против чирови и гастритис.
2. Куркума
Овој зачин со индиско потекло е богат извор на бројни лековити својства. Куркумата го стимулира производството на желудечниот сок, што пак придонесува и помага на стомачната лигавица да се избори против хелико бактеријата.
3. Прополис
Одлично средство со чудесни својства. Едноставно додадете 20 капки прополис во 200 мл топла вода. Консумирајте ја смесата двапати дневно, еднаш наутро на празен стомак и пред спиење. Третманот треба да трае 30 дена.
4. Зелен чај
Зелениот чај е корисен за целокупното здравје на организамот, но особено е лековит кога станува збор на елиминирањето на хелико бактеријата од организамот. Консумирајте по 2-3 шолји зелен чај секој ден, без шеќер или било какви засладувачи.