4-те најдобри трикови со сода, кои секој треба да ги знае
Уште од древен Египет, луѓето знаеле за придобивките од сода бикарбона. Таа и денес е популарна и постојат повеќе од 300 начини на кои може да ја употребиме.
Денес ви ги претставуваме 4-те најдобри трикови, кои едноставно секој од нас треба да ги знае.
1. Убод од инсекти
Содата брзо ќе го спречи дразнењето на кожата, само едноставно нанесете ја врз местото на убодот.
2. Киселини во желудникот
Измешајте половина кафена лажица сода бикарбона со половина шолја вода и испијте. Овој раствор ќе ве ослободи од непријатното чувство предизвикано од стомачните киселини.
3. Дамки на облеката
Содата е чудесно средство за отстранување на дамки. Потопете ги алиштата во смеса од 4 л вода и 1 шолја сода бикарбона и по неколку минути ќе забележите дека се враќа природната боја на облеката.
4. Омекнување на грав
На овој начин побрзо истиот ќе го приготвите. Додавањето на сода додека бобот се вари, ќе ја спречи појават на негова подуеност и истиот ќе го омекне. Во сода со вода може да го потопите истиот претходната вечер, пред готвењето следниот ден.