4-те видови на храна кои може да ги консумирате во поголемо количество, без да се грижите за килограмите
Иако големината на порциите е од клучно значење кога станува збор за одржување на телесната тежина, сепак постојат одредени видови на храна во чие консумирање може безгрижно да уживате, без да мислите на калориите.
Не, не станува збор за зелена салата и слично, туку за вкусни јадења, на кои може да се насладувате во поголемо количество. Еве за кои 4 видови на храна станува збор:
1. Пуканки
Верувале или не, пуканките се едни од најмалку калоричните видови на храна. Не станува збор за пуканки со вкус на путер или сирење, туку класични пуканки, приготвени со малку масло за готвење и сол. Тие содржат многу малку калории, а голем број на хранливи влакна, што ги прави одлични за дигестивниот тракт. Ако сте љубител на пикантната храна, може да ги зачините со малку мелен црвен пипер во прав.
2. Кисели краставички
Шолја кисели краставички содржи 16 калории, што ги прави идеален избор да бидат вклучени во секоја диета и во комбинација со било каков вид на храна во текот на денот.
3. Бадеми, ореви, лешници
Само грст од овие вкусни јаткасти плодови целосно може да ве засити, а комбинирајќи ги со суво грозје, смокви или суви сливи, дополнително ќе го намалат вашиот апетит.
4. Печен чипс
Испечениот чипс не содржи масло за готвење, што го прави одличен за консумирање, без да мора да се грижиме за вишокот килограми. Едноставно пржениот чипс заменете го со печен, а воедно може да приготвите и печен чипс од други видови на зеленчуци, покрај компир.