4-те видови на храна кои се полни со протеини и за кои малкумина знаат, дека се апсолутна замена на месото
За да внесеме доволно количество на протеини, не неопходно да изедеме килограми јајца или пилешко месо. Постојат разни расителни производи со кои можеме да ја постигнеме истата цел.
Во 4-те најдобри алтернативи на месо, не заборавајте да ја изберете најдобрата за вас, а во продолжение погледнете кои се тие:
1. Јаткасти плодови
Високата хранлива вредност на јаткастите плодови (25 гр протеини на 100 гр производ) ги прават истите незаменлив дел од секоја здрава исхрана и тајна на витката фигура.
Нивната висока калориска вредност може да биде избалансирана доколку ги консумирате сурови или лесно потпечени во рерна.
2. Грав
Доколку имате приготвено грав, потребната протеинска вредност веќе сте ја исполниле. Комбинирајте го гравот со зеленчуци и уживајте во богатиот вкус.
3. Протеински леб
Популарниот двопек или леб приготвен од пченичен глутен е шампион кога станува збор за протеинската вредност, бидејќи во 100 грама протеински леб има дури 57 грама протеини. Лесно може да го комбинирате со супи и салати.
4. Зелени зеленчуци
Брокула и спанаќ – вистинскиот клуч на успешните диети. Имаат најмала протеинска вредност во однос на останатите 3 видови на храна, но меѓутоа најдобро помагаат во процесот на слабеење, значително забрзувајќи го истиот.