4-те знаци кои ја откриваат возраста на секоја жена, а не се брчките и белите влакна на косата
Стареењето не означува само брчки, бела коса и збрчкани раце и врат. Постојат и многу други знаци кои не веднаш се забележуваат. Но, токму овие најдобро ја откриваат возраста на секоја жена.
1. Челото станува плоснато
Кој би помислил дека атрофијата на поткожниот мастен слој, поврзана со стареењето, е причината за губењето на волумен во челото.
2. Усните го губат првичниот волумен и мекоста
Со текот на годините, формата на усните се променува, но не кон подобро. Тие губат од нивниот волумен, стануваат посуви и околу истите се образуваат т.н назални брчки. Некогаш визуелно поголемите и сочни усни сега стануваат помали и потенки.
3. Под очите се појавуваат темни кругови
По 30-та година, поткожниот мастен слој станува потенок поради ниското производство на колаген. Кожата околу очите ја губи нејзината еластичност, станува потенка и преку истата започнуваат да се истакнуваат крвните садови.
4. Тенот станува поблед и кожата го губи сјајот
Невозможно е да не забележите, дека со текот на стреењето, кожата го губи својот здрав и блескав изглед. Основната причина поради која се случува ова е намалувањето на синтезата на колаген и еластин. Недоволната и неправилна грижа, недостатокот на сон, заморот, неправилната исхрана и лошите навики исто така придонесуваат за ова.