4-те знаци кои откриваат дека неодамна сте имале интимен однос
Се вели дека 3 работи не може да се сокријат: Сиромаштијата, кашлицата и љубовта. Но покрај ова, постои уште една работа. Според експертите, постојат знаци кои покажуваат дека неодамна сте имале оргазам.
Еве кои се тие:
1. Румени образи
Интимниот однос го забрзува крвотокот и токму поради овие причини вашето лице се вцрвенува, откако сте воделе љубов. Кај некои, тоа е изразено повеќе, кај некои помалку, но знакот е присутен кај сите.
2. Среќа и радост
Чувството на неверојатно задоволство и некакво чудно заразно расположение, кое ги фаќа луѓето по водењето љубов се должи на зголеменото производство на хормонот одговорен за среќа. Ендорфинот ги поттикнува луѓето да се чувствуваат како ништо да не може да им го расипе денот.
3. Материјални докази
Она кое со сигурност треба да го сокриете се извалканата и истуткана облека, да ја поправите шминката и слично. Едноставно треба добро да проверите во каква надворешна состојба излегувате од домот.
4. „Летање во облаци“
Оргазмот кај жените влијае во голема мера. Жените кои често доживуваат или неодамна искусиле оргазам имаат тенденција да го променат својот начин на движење, кое е малку повпечатливо со истакнати чекори, од вообичаениото.