4 трикови за готвење, кои секој од нас треба да си ги запише – Зошто содата не се гаси со оцет, зошто се мијат компирите пред печење
За да добиете признание како личност која умее да готви, не е неопходно да завршите курс или да имате искуство во врвен ресторан. Доволно е готвите со љубов и да не ги правите овие чести грешки.
Денес ви ги претставуваме 4-те најчести грешки кои дури и најискусните ги прават:
1. Готвење на домати со други зеленчуци
Факт е дека доматите содржат киселина која го забавува приготвувањето на другите зеленчуци. Затоа на прво место поставете ги кромидот, морковите и пиперките во јадењето, а доматите додадете ги на крајот.
2. Плакнење на тестенините
На површината на сварените тестенини останува нишесте, кое помага за подобро апсорбирање на доматниот сос и затоа ова е важен детал од нивното приготвување, затоа истите не треба да ги плакнете.
3. Гасење на сода бикарбона со оцет
При гасењето на сода со оцет, поголемиот дел од јаглеродниот диоксид кој е неопходен за додавање на волумен на тестото, испарува. Ве советуваме да пробате друг начин на употреба на содата при печење: Исипете 3-4 шолји во 2 шолји вода, во едната разредете ја содата, во другата лимонската киселина, а потоа добиената смеса од шолјите исипете ја во тестото.
4. Печење на компирите без претходна подготовка
Пред да ги испечете компирите, оставете ги во студена вода на 1 час. Водата ќе го отстрани нишестето, а јадењето ќе биде неверојатно повкусно.