4 вежби со чија помош жените ќе може да се пофалат за женствена и обликувана фигура
Кога размислувате за прекрасно женско тело, веројатно ги замислувате Џенифер Анистон или Адријана Лима. Сè се врти околу витката линија, добро обликуваните мускули и тенка половина – без да изгледате како бодибилдер.
Всушност, за таа цел постојат вежби кои можат да им помогнат на жените да најдат рамнотежа и да останат токму како што замислуваат, затегнато и женствено.
Денес ви откриваме 4 златни вежби кои се клучот до совршеното тело:
1. Не само стомачни вежби, туку стомачни со странични свртувања
Оваа вежба се нарекува руски пресврт и го зајакнува јадрото и стомачните мускули:
- Легнете на подот и ставете ги нозете или под нешто за потпора или нагоре во воздухот. Свиткајте ги нозете кај колената.
- Кренете го горниот дел од телото за да направите V-форма. Рацете треба да бидат пред вас и исправено во однос на торзото.
- Свиткајте го торзото на десната страна, а потоа на левата страна.
- Останете во лежечка положба. Обидете вежбата да ја практикувате од 30 секунди до 1 минута.
2. Кревање на една нога и истовремено користење на тегови
Со т.н мост на една нога со одредена тежина можете да го подобрите обликот на вашите глутеални мускули и рамена:
- Легнете на грб со рацете исправени над градите.
- Полека кренете ја едната нога од земјата и протегнете ги рацете во воздухот.
- Кренете ги колковите нагоре. Само вашите потпетици и лопатки треба да останат на подот.
- Вратете се на почетната позиција и повторете ја вежбата онолку пати колку што вие сакате.
3. „Штица“ вежба комбинирана со тегови
Вежба за целосно затегнато тело! Сè во едно:
- Започнете во позиција на штица. Нозете треба да бидат пошироки од растојанието на колковите. Потпрете се на вашите тегови.
- Кренете го левиот лакт за да се активираат стомачните мускули.
- Држете го вратот издолжен. Вратете се на земја и повторете ја вежбата со десната рака.
- Направете 10 повторувања по 3 пати.
4. Странични штици со свиткување на колено
Направете го целото тело повторно да биде активно и затегнато! Страничните штици се многу ефикасни и помагаат при стабилноста на ‘рбетот.
- Легнете на ваша страна и позиционирајте се на долниот лакт, помагајќи му на телото да се стабилизира од истата страна.
- Кренете ги колковите во воздух. Тие треба да формираат права линија.
- Одржувајте го торзото стабилно и кренете го горниот дел од ногата. Не го менувајте аголот на вашето тело.
- Придвижете го горното колено кон градите. Држете така од 30 до 45 секунди, а потоа повторете ја од другата страна.
Бонус: Не користете премногу тежина за половината
Вашите стомачни мускули се мускули, а мускулите растат. Ако тренирате секој ден како луди и користите тешки тегови, овие мускули ќе станат поголеми и поголеми и наместо тенка половина, тој дел воопшто нема да биде теноик. Подобро е да не се претерува со кревањето тегови, а наместо тоа да се практикуваат различни видови на штица вежбите кои го задржуваат целото тело во форма наместо да ги преоптоваруваат стомачните мускули.