4 видови на храна кои се подобро средство од секое апче – Најдобрата превенција за сè
Се смета дека некои видови на храна едноставно се покорисни од останатите: Содржат повеќе витамини, минерали и антиоксиданти. Овие видови уште се нарекуваат и супер храна.
А еве кои 4 видови на супер храна се сметаат за најдобри за женското здравје и кои се најдобрата превенција од разни заболувања:
1. Лукот е корисен за срцето и коските
Шест чешниња лук содржат 17% од потребниот дневен внес на Б6 и 23% од манган. Лукот го намалува стресот и го штити срцето, при што на овој начин ја зголемува издржливоста на телото.
Исто така, покрај за срцето, лукот е извонреден за здравјето на коските. По менопауза, нивото на естроген опаѓа, што доведува до нарушување на коските, па затоа редовното консумирање на лук ќе ве заштити од остеопороза.
2. Прокељот штити од катаракта и брчки
Половина шолја прокељ содржи 80% од потребниот дневен внес на витамините Ц и К. Овој уникатен зеленчук им помага на очите да останат здрави, при што ефикасно ги штити од катаракта и глаукома, кои почесто се појавуваат кај жените, отколку кај мажите.
Воедно, витаминот Ц кој е застапен во огромно количество во прокељот, го стимулира производството на колаген, го забрзува заздравувањето на рани и ја намалува појавата на здодевните брчки.
3. Компирите штитат од слободни радикали и го намалуваат апетитот
300 гр печен компир содржи 48% од потребниот дневен внес на витамин Ц и 46% од Б6 и калиум. Овој вкусен зеленчук ефикасно штити од слободните радикали, чиј вишок може да доведе до неплодност кај жените.
Компирите содржат големо количество на антиоксиданти, кои го штитат организамот од наталожување на масните наслаги и притоа го намалуваат апетитот и го активираат метаболизамот.
4. Вишните ги ублажуваат болките во мускулите и помагаат при несоница
Чаша сок од вишни содржи 40% од потребниот дневен внес на витамин А и 20% витамин Ц. Сокот од вишни ја ублажува болката по интензивно вежбање и помага за побрзо обновување на мускулите.
Бидејќи кај жените, несоницата е почеста појава, сокот од вишни е идеалното природно решение кое веднаш ќе ви помогне да заспиете, многу поквалитетно од валеријана или било какви апчиња.
Вишните го зајакнуваат и здравјето на мозокот, обновувајќи ги мозочните клетки, при што штитат од Алцхајмер.