4 здравствени состојби кои може да бидат причината зошто постојано ви е студено
Контролирањето на телесната температура е навистина сложен процес, при кои потребно е нервниот и хормонскиот систем да ги усогласат своите функции.
Иако на секој човек може да му биде студено, особено кога температурите ќе паднат и ќе се промени времето, сепак преголемата и постојана чувствителност на студ може да бидат знак за нешто посериозно во однос на здравјето на личноста.
4 основни здравствени состојби кои може да бидат причината зошто постојано чувствувате студ
Промените при чувствителноста означуваат дека настанале одредени промени во самото тело, а еве кои се најчестите причини зошто постојано ви е студено:
1. Проблеми со штитната жлезда
Штитната жлезда е одговорна за контрола на метаболичките процеси. Доколку метаболизамот се забрза при зголемување на нејзината функција, тогаш се јавува хипертиреоиза, а како резултат на тоа се појавува потењето и чувството на топлина.
Во случај, кога штитната жлезда ќе ја намали нејзината функција, настанува спротивна ситуација, односно се појавува хипотироидизам. Тоа е состојба при која на човекот може да му биде многу студено поради забавување на метаболизамот.
2. Промени во протокот на крвта при кожата
Луѓето кои имаат низок крвен притисок, вообичаено чувствуваат поголем студ. Тоа се должи на фактот, што во тие ситуации се јавува стеснување на крвните садови на кожата. Тоа пак, доведува до намалување на локалниот крвоток, што воедно му пречи на еден од механизамите одговорни за телесната топлина.
Оваа појава може да се јави и при состојба на анемија, при која се намалува бројот на црвени крвни клетки, кои се одговорни за пренос на кислород до ткивата.
3. Употреба на лекарства
Лекарствата кои имаат некаков ефект врз вегетативниот нервен систем, може да доведат до промена во дијаметарот на крвните садови. Како резултат, тоа влијае на протокот на крвта низ кожата, предизвикувајќи зголемена чувствителност на студ.
4. Промени во исхраната
Храната е клучен фактор за внесување на хранливи вредности во организамот. Доколку тоа не се случи, телото ќе започне да реагира на недостатокот на истите, кои се неопходни за негово правилно функцонирање.
Воедно, затоа и луѓето кои се соочуваат со значителна загуба на телесната тежина може лесно да станат почувствителни на студ.