4 знаци дека вашите хормони не работат како што треба
Дали во последните неколку недели се чувствувате уморни, подуени или мрзеливи? Хормоните за време на менструацијата може да го одземат вашиот мир и да влијаат врз вашето расположение, кожата и умот.
Доколку забележите присуство на некои од овие 4 симптоми кои укажуваат на хормонски дисбаланс, тогаш неопходно е да се консултирате со вашиот лекар.
1. Умор
Исцрпеноста е секогаш добра причина да го посетите вашиот лекар, бидејќи постои множество на опасности, кои би можеле да бидат главните виновници за нејзината појава.
Доколку сте изморени по тешката и напорна недела на работа, тоа е сосема нормално, но доколку постојано се чувствувате исцрпени и започнете да качувате килограми, да имате промени во апетитот, тогаш возможно е да имате проблеми со штитната жлезда, односно истата да биде недоволно активна.
2. Промени на кожата
Акните може да се појавуваат бидејќи често заборавате да го измиете вашето лице пред да си легнете, но треба да имате во предвид, дека појавата на акни при долниот дел од лицето, може да биде индикатор за високо ниво на тестостерон.
Иако не важи за опасен проблем, сепак може негативно да влијае врз самото расположение. Вашиот лекар може да ви препише соодветно лекарство за стабилизирање на овој хормон, со што ќе се исчисти и вашата кожа.
3. Различна менструација
Исто како и заморот, така и невообичаената менструација може да настане како резулат на бројни фактори, меѓу кои стресот, проблеми со штитната жлезда, ниско ниво на естроген или синдром на полицистични јајчници. При полицистични јајчници се јавува нередовна менструација, како и проблеми при растот на косата.
4. Потење во текот на ноќта
Освен доколку во вашата соба не е прекумерено топло, будењето во пот може да биде сигнал дека имате ниско ниво на естроген.