5 чудни методи препорачани од науката, кои всушност се многу корисни за одржување на нашето здравје
Медицината и науката нудат сè повеќе нови методи за одржување на нашето здравје, и иако понекогаш методите може да изгледаат малку чудно, тие всушност се неверојатно ефикасни.
За денес ви откриваме токму вакви 5 навидум необични методи, но кои се навистина функционални и влијаат позитивно за нашето здравје:
1. После кафе, имајте попладневна дремка
Научниците со експеримент откриле дека кратката дремка после шолја кафе има корисен ефект врз организмот. Учесниците во експериментот заспале на кратко по кафето, а потоа полагале тест за возачка дозвола. Оние кои биле подложени на експериментот направиле многу помалку грешки.
За да го постигнете ова, се препорачува да го пиете кафето прилично брзо, а потоа веднаш да направите кратка пауза со спиење од 15 до 20 минути.
2. Нискокалоричната диета предизвикува поголем апетит
Зголемениот фокус на броење на калории доведува до негативен резултат во губење и одржување на оптимална тежина.
Кога ќе изберете нискокалорична наместо цел оброк, тоа само кратко ви го намалува гладот. Но, многу брзо после тоа, ќе започнете да се чувствувате гладни и да трошите уште повеќе калории.
3. Консумирајте ја кората од јаболкото
Консумирањето повеќе овошје и зеленчук нема да му наштети на никого, но можеби малку повеќе треба да обратите внимание на јаболката.
Јаболката содржат кверцетин, супстанца која има антивоспалителни својства. Покрај тоа, тие ги штитат мозочните клетки од оштетување.
4. Не ги четкајте забите најмалку 1 час по оброкот
Многу стоматолози се убедени дека четкањето на забите после оброк може значително да ги оштети нивните обвивки.
Секоја храна (особено агруми, овошје што содржи киселини, домати и сокови) ја прави глеѓта на нашите заби чувствителна на надворешни влијанија. Доколку ги четкате забите веднаш после оброк, со тоа им дозволувате на киселините да навлезат во длабоките слоеви на забите, што на крајот ќе доведе до формирање на шуплини.
5. Ослободете се од будилникот
Секој остар звук и бучава го нарушува нашиот сон и влијае стресно врз нашето тело.
Доколку користите будилник, може да се чувствувате нервозни во текот на денот и вашиот вид, меморија и реакции на настаните поле да се влошуваат. Ова може со текот на времето да предизвика кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар, невролошки нарушувања и интелектуален пад.
За да се разбудите без будилник, треба да го навикнете вашето тело на специфичниот режим. На пример, треба да одите да спиете секој ден во исто време.