Гвинет Палтроу важи за една од најубавите актерки во Холивуд, која најмногу се истакнува по нејзиниот здрав начин на живот. Таа никогаш немала ниту еден килограм вишок, а сега ја открива нејзината тајна.

Диетата на Гвинет трае вкупно 5 дена. Максималното време за приготвување на секој одделен оброк е 20 минути. Од вашето секојдневно мени неопходно е да го исклучите глутенот, кофеинот, алкохолот, шеќерот, црвеното месо и сојата.

Секое утро на гладно се пие по 1 чаша топла вода со лимон, а за време на појадокот се пие лате со растително млеко. Оброците се 4 пати дневно.

5-дневно мени

Понеделник

  • Појадок: Oвесни снегулки со јаболко и цимет
  • Ручек: Салата со варено пилешко месо
  • Ужина: Протеинска плочка
  • Вечера: Пилешко со сладок компир и чили

Вторник

  • Појадок: Пилешка супа со јајце
  • Ручек: Пилешко со чили
  • Ужина: Грст ореви и 1 јаболко
  • Вечера: Леќа

Среда

  • Појадок: Оризов леб со половина авокадо и варено јајце
  • Ручек: Леќа
  • Ужина: Протеинска плочка
  • Вечера: Пилешко месо и зелка

Четврток

  • Појадок: Oвесни снегулки со јаболко и цимет
  • Ручек: Салата „Нисуаз“ (Варени компири, грав, јајце, туна, домати, лисни зеленчуци, маслинки и кромид)
  • Ужина: Парче оризов леб со авокадо, зачинето со морска сол
  • Вечера: Тајландска салата „Лааб“ (Хељда и оризова каша, бела риба приготвена на пареа, зачинета со чили сос и испечен сладок компир)

Петок

  • Појадок: Пилешка супа со јајце
  • Ручек: Зеленчукова салата со сладок компир
  • Ужина: Протеинска плочка
  • Вечера: Пржен ориз со зачини