5 докажани причини зошто треба да консумираме чај од камилица
Чајот го зазема второто место, веднаш после водата, кога станува збор за најдобрите напитоци што треба да ги консумираме секојдневно за да го одржиме и зајакнеме нашето здравје.
Во продолжение следуваат 5 докажани причини зошто токму чајот од камилица треба да биде нашиот секојдневен избор:
1. При болна менструација
Камилицата има релаксирачки ефект врз ѕидовите на матката, ги ублажува грчевите и болките. Дополнително, ова чудесно растение содржи фитохормони, кои помагаат во регулирањето на менструалниот циклус и го спречуваат прекумереното крварење. Чајот од камилица се препорачува и при нередовен циклус, бидејќи го намалува нивото на стрес.
2. При мигрена
Доколку претчувствувате дека се наближува мигрена, напијте се чај од камилица и нане, приготвен во еднаков сооднос. Овој напиток значително ќе ве смири.
3. При дијабетес тип 2
На луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2, се препорачува редовно да консумираат незасладен чај од камилица. Напитокот ефикасно го намалува нивото на инсулин и помага успешно да се избегнат компликациите од оваа болест.
4. При косопад
Редовното миење на косата со раствор од камилица, ќе помогне во зајакнувањето на косата, притоа ќе ве ослободи од првутот, јадежот, а косата ќе добие и природен волумен.
5. При проблеми со кожата
Камилицата ефикасно ги лекува надразнетоста и вцрвенувањето, го спречува лупењето на кожата и помага во лекувањето на разни видови на кожни проблеми.