5 домашни ѓубрива за темјанушки, кои лесно може да се најдат во сечиј дом
Темјанушките се едни од најомилените домашни растенија на повеќето градинари. Покрај тоа што зазема мал простор, цвеќето расте многу долго и раскошно, во уникатна впечатлива боја која му дава шарм на домот.
Воедно, домашните растенија треба да се потхрануваат многу повеќе отколку што мислите, а темјанушките не се исклучок од ова правило. Иако во земјоделските аптеки може да најдете најразлични вештачки средства, најдобро е да ја заштитите и потхраните вашата темјанушка на природен начин, користејќи домашно ѓубриво.
За таа цел, денес ви откриваме кои 5 домашни состојки лесно може да ви послужат како ефикасно природно ѓубриво за темјанушките.
1. Црн чај
Црниот чај е идеален за потхранување на темјанушките, а сè што е потребно да направите е да ја покриете нивната почва со листови црн чај и при наводнувањето на цвеќето, хранливите вредности сами ќе се појават. Или едноставно, од време на време, полевајте го вашето цвеќе со црн чај.
2. Талог од кафе
Талогот кој останува по консумирањето на кафето исто така е корисен за потхранување на темјанушките. Исипете го талогот директно во саксијата со цвеќето или измешајте го со земјата и повторно додадете го во саксијата. По овој метод, не е потребно да ги полевате темјанушките во период од неколку дена.
3. Кромид
Лушпите од кромидот ќе ја спасат темјанушката од разни болести и штетници, а исто така значително ќе го подобрат растот на растението. Воедно, лесно може да приготвите и раствор од кромид. За таа цел, додадете 50 гр лушпи од кромид во 2 литри врела вода. Добро измешајте ги состојките и оставете да се варат дополнителни 10 минути. Оставете го добиениот раствор да отстои неколку часа, а потоа прецедете го. Со растворот прскајте ги темјанушките кога и да е потребно.
4. Квасец
Квасецот го поттикнува растот и ги активира сите делови на растението. За да го приготвите ова домашно ѓубриво, измешајте 5 грама сув квасец со 2 супени лажици шеќер. Растворете ја добиената смеса со 5 литри вода и затворете го садот со капак. Складирајте го на топло место, да отстои 3 часа. Растворот пред употреба се разредува со вода, во сооднос 1:5.
5. Цитрусна кора
Кората на тропските овошја е богат извор на многу витамини. За да го приготвите ѓубривото од истата, најпрво треба кората да се сомеле, потоа да се полее со врела вода и така да се остави да отстои 1 ден. Прецедете го добиениот раствор и разредете го со топла вода во сооднос 1:10 и така полевајте ги темјанушките.