5 домашни рецепти за лесно и брзо избелување на кожата под пазувите, лактите и колената
Можеби и вам ви се случило да ги кренете рацете и непријатно да се изненадите поради глетката дека кожата под вашите пазуви е потемна и погруба, од останатите делови на телото.
Истото важи и за кожата при лактите и колената, каде покрај темна, можед да биде и навистина сува.
За таа цел, денес ви откриваме како на природен начин, ефикасно да се справите со овој проблем.
1. Алое вера
Оваа состојка е идеална за ситуации кога кожата е надразнета, а притоа може да ја користите и како одлично хидратирачко средство. Може да употребите купечки прозводи кои содржат алое вера или да нанесете свеж гел од вашата домашна билка, доколку имате таква.
Отстранете го горниот потврд слој на алое верата и сомелете го остатокот во блендер, а добиениот сок, со масирачки движења, нанесете го на темната област на кожата.
2. Сода бикарбона
Пастата приготвена од сода и вода во сооднос 3:1, е идеално средство за ексфолијација на темните зони на кожата.
3. Лимон
Киселоста на овошјето ќе ја осветли потемнетата кожа на лактите и колената. Едноставно, со триење на половина пресечен лимон, нанесете го неговиот природен сок.
4. Шеќер и масло за готвење
Сами подгответе си неверојатен домашен шеќерен пилинг- Измешајте шеќер и зејтин во еднаков сооднос, до добивање на густа смеса, со чија помош, лесно ќе ги отстраните сувите делови од кожата.
5. Бадемово масло
Нанесете го маслото врз потемнетата кожа, за да ја направите помазна и понежна